Македонија 05. октомври 2019. / 14:09

Се уште се вештачи бегството на Груевски во Унгарија

Се уште се вештачи бегството на Груевски во Унгарија

Се уште се вештачи заминувањето на поранешниот премиер Никола Груевски во Унгарија во предистражна постапка, гласи одговорот од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, пишува „А1он“.

Како што пренесуваат од порталот, од Обвинителството информираат дека се преземаат дејствија во рамки на предистражна постапка и дека се побарани дополнителни податоци и се очекува пристигнување на извештаите од вештачењата на одземена техничка опрема.