Македонија 16. март 2020. / 12:57

Се тестираат седуммина: Тројца од Дебар и по двајца од Штип и Скопје, што биле во Австрија и Германија

Се тестираат седуммина: Тројца од Дебар и по двајца од Штип и Скопје, што биле во Австрија и Германија

Во моментов се вршат тестирања за корона вирус на седум пациенти.

Како што информира министерот за здарвство, Венко Филипче, тројца од нив се од Дебар и се поврзани со кластерот пациенти заразени во овој град. Овие тројца се луѓе што имаат симптоми на грип.

Истовремено, се тестираат двајца преку Центарот за јавно здравје во Штип и двајца на инфективната клиника. Станува збор за четворица коишто во изминатиов период патувале во Австрија и во Германија.