Македонија 01. јануари 2021. / 15:35

Се подобрува ситуацијата во Прилеп – затворен ковид центарот на Гинекологија

Се подобрува ситуацијата во Прилеп – затворен ковид центарот на Гинекологија

Состојбата со ковид во Прилеп полека се смирува, затворен е ковид центарот на Гинеколошкото одделение, пишува Канал5.

Ковид центарот во Гинеколошко акушерското одделение каде што денеска се роди првото женско дете во Прилепската болница се затвора.

Општата состојба со ковид 19 во градот е подобрена, поради намалениот број на хоспитализираните од 120 на 70. Од денеска повеќе не е во функција Гинекологија, а остануваат уште четири ковид центри.

Во споредба со Гинеколошко акушерското одделение во Инфективното и во другите ковид центри состојбата со дел од хоспитализираните е сосема друга. На новогодишната ноќ и денеска персоналот води битка за да се спасат човечки животи..

Од почетокот на пандемијата во Прилеп од ковид 19 официјално се заразени над 4200 грагани..Сега се болни или во домашна изолација 566 а од почетокот на пандемијата починале 213. Дали ќе има нов пик ке се види деновиве.