Македонија 30. септември 2018. / 19:40

Се подготвува голема прослава пред Собрание

Се подготвува голема прослава пред Собрание

Пред Собранието на РМ, започнаа да се собираат привирзаниците на движењето „Бојкотирам“, кои се подготвуваат за прослава.

На булеверот пред македонскиот парламент веќе е наместена бина за говорници, поради што е блокиран сообраќајот, а може да се забележи и големо полициско обезбедувбање.

Државната изборна комисија (ДИК) на најновата прес-конференција соопшти дека на денешниот референдум до 18:30 часот на гласање излегле 34,09 отсто од вкупно запишаните во Избирачкиот список.