Актерката Јана Стојановска во врска со апсењето на нејзината мајка Силвија Стојановска вели дека се работи за недоразбирање.
–Не е ништо страшно. Мислам дека се работи за недоразбирање. Не знам со кој памет медиумите објавуваат. Чекам да ја пуштат мајка ми, па да ми каже што се случило – изјави за Женски магазин Јана од Букурешт, каде што живее изминативе месеци со сопругот, кошаркарот Андрија Бојиќ и синот Ненад кој има три ипол месеци.