Три дена по откривањето на начинот на кој се одвивал рекетот од страна на Боки 13 се огласи и комесарот за проширување на ЕУ, Јоханес Хан.
Тој вчера беше повикан од германската политичарка Дорис Пак да преземе нешто во случајот во кој се вмешани и Катица Јанева и Зоран Заев, а утринава истото го направи и весникот „Ла Верита“ кој три дена по ред ги објавуваше видео снимките од изнудувањето на рекетот.
–Борбата против корупцијата на високо ниво мора да се одвива непрекинато. Што се однесува до најновите откритија, важно е да се утврди правна одговорност за сите кривични дела, вклучително и оние што произлегуваат од и околу илегалните прислушувања. Никој не е над законот и не може да има неказнивост. Надлежните органи мора да ги испитаат сите кривични дела, без никакво мешање, а сторителите да бидат изведени пред лицето на правдата, напиша Хан.