Македонија 27. март 2020. / 13:00

Се намалил бројот на основци и средношколци во однос на лани

Се намалил бројот на основци и средношколци во однос на лани

На почетокот на учебната 2019/2020 година, бројот на ученици во редовните основни училишта изнесува 187.240, што е  намалување за 0.5 отсто во однос на претходната учебна година, објави Државниот завод за статистика.

Според податоците на ДЗС, на почетокот на тековната учебна година, во редовните средни училишта настава посетувале 69.980 ученици што е намалување за 2.3 проценти во однос на претходната учебна година.

Во објавата на ДЗС се содржани и податоци за редовни и специјални основни училишта, редовни, специјални и верски средни училишта, за бројот на основци и средношколци според возраста и полот по одделенија / години и податоци за странските јазици што ги изучуваат основците (прв и втор странски јазик) и средношколците (задолжителен, втор задолжителен и факултативен странски јазик).