Во велешките основни училишта оваа учебна 2019/2020 ја завршиле 4.466 основци што е за 34 помалку во споредба со претходната учебна 2018/2019 година (4.500 ученици). Бројот на завршени деветоодделенци годинава е 433, а лани 464.
Како што информираше, градоначалниот Аце Коцевски, во сите четирите велешки средни училишта секоја учебна година имаа се помалку ученици.
Оваа учебна година во средно училиште биле 2.023, што помалку за 70 од ланската учебна година кога биле 2.093. Годинава во велешките средни училишта завршиле 419 матуранти ,што е помалку за 135 од ланската учебна година кога биле 554.
Инаку во тек се и уписите за првооделенци од вкупно 750 идни првооделенци во велешките основни училишта до вчера се запишале 209, а уписите траат до крајот на јуни.