Македонија 08. јуни 2020. / 12:23

Се најавува враќање на полицискиот час од 22 од 5 часот

Се најавува враќање на полицискиот час од 22 од 5 часот
Фото: МИА

Комисијата за заразни болести ќе ѝ препорача на Владата враќање на полицискиот час, но од 22 до 5 часот во критичните места со голем број активни случаи на ковид-19, како Скопје, Тетово, Штип и Куманово, дознава сакамдакажам.мк.

За останатиот дел од државата не се препорачуваат дополнителни рестрикции.

Предлогот за враќање на полицискиот час во овие места е најмногу за да се ограничи движењето на младите, поради тоа што тие неконтролирано се собираат по паркови, на Водно и слично, а угостителските објекти што продаваат брза храна работат и по 22 часот.