Македонија 10. април 2020. / 21:11

Се користат ли студентски организации за политичка пропаганда?

Се користат ли студентски организации за политичка пропаганда?

После скандалозно видео каде млади користат студентска организација за пропагирање радикални левичарски идеи, се појавија и напади врз спортисти, политички партии како и десничари во целост.

Имено, едниот говорник на видеото јасно може да се види дека е припадник на политичката партија СДСМ, па оттука е легитимно да си го поставиме прашањето: Дали активисти на СДСМ свесно ја злоупотребуваат студентската организација со цел ширење на политичко влијание?

Ова е класичен пример како се девалвираат институции и студентски организации со цел политичка пропаганда. Студентското собрание мора да биде гласот на студентите, а не на партиите.“ – велат студенти дел од политичката платформа Конзерватив МК. Неговите  тела треба да бидат независни и непристрасни кон било која идеологија или партија, а не јавно да вршат напад врз спортисти, политички партии како случајов со ВМРО-ДПМНЕ и идеолошки и аналитички центри како Конзерватив (Conservative.mk).

Слика: Од Конзерватив МК прашуваат дали студентската организација на Правен факултет служи за индоктринација на млади против политички идеологии или да ги претставуваат правата и гласот на студентите?

Цензура на слобода на говор: Погледнете како борците за „слобода на говор“ организирано цензурираат.

На сликата доле-десно, тој што им се заблагодарува за репортот е истиот дечко од видеото со радикална левичарска пропаганда. Борецот за „Слобода на говор“ моли да се пријави (репортне) тој што мисли различно од него. Ова ли е таа „борба“ за слобода на говор? Со цензура на другата страна?

После 3 години молк, конечно добивме студентско собрание. Процесот одеше бавно, но еве ги првите резултати на собранието. Имено, под покровителство на студентскиот медиум при УКИМ, се прикажува подкаст од страна на тројца припадници на „Студентската организација“ во кој се воспева радикална левичарската идеологија, се истакнуваат левичари, а се навредуваат и понижуваат врвни спортисти кои придонеле за успех на нашата земја.

Дали свесно се турка студентското собрание во тотална контрола од левицата? Дали истото треба да биде студентски тело и медиум за моменталната власт?