СДСМ и денеска повика да се организираат избори во првиот можен термин бидејќи, како што велат, сите параметри и официјални податоци од надлежните институции покажуваат дека епидемијата е ставена под контрола и дека создадени се услови за одржување избори согласно протоколите за заштита.
– Тоа не сакаат да го прифатат Христијан Мицкоски и ВМРО ДПМНЕ, зошто знаат дека нивната неодговорност и деструктивност им гарантира изборен пораз, вели портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, додавајќи дека има услови за одржување на изборите, говори и позитивниот одговор на ОБСЕ/ОДИХР дека се подготвени да продолжат со набљудувачката мисија на парламентарните избори.
ДИК по крајот на вонредната состојба, рече таа, треба да ги заврши обврските и во рок од 22 дена да се одржат изборите.
– Избори мора да има поради здравјето на граѓаните, поради трансформација на нова економија, поради институциите кои треба да им служат на граѓаните во оваа држава, рече Кузеска.