Македонија 17. октомври 2020. / 11:21

СДСМ: Во борбата против коронавирусот клучни се граѓаните

СДСМ: Во борбата против коронавирусот клучни се граѓаните

Сериозното зголемување на бројот на инфицирани со коронавирусот во изминатите денови не донесе до раскрсница, до избор дали нашата држава ќе се претвори во ново Бергамо или сите заедно, со доследно и строго почитување на мерките за заштита и ковид протоколите ќе го зауздаме растот на новоинфицирани со вирусот, за кој се уште нема лек, ниту вакцина, велат од СДСМ.

„Се бориме со невидлив и подмолен непријател, кој им се заканува на сите, никој не е имун, а наше најдобро и најефикасно оружје е носење заштитна маска, шал или марама, држење дистанца и редовна дезинфекција и миење на рацете. Граѓаните се клучни во борбата против коронавирусот, со почитување на мерките за заштита ќе обезбедиме намалување на бројот на новоинфицирани со коронавирусот“, додаваат од партијата.

Потенцираат дека почитувањето на мерките ќе ги намали притисокот врз здравствениот систем и врз лекарите, медицинските сестри и помошниот здравствен персонал, кои седум месеци пожртвувано ги лекуваат заболените, ќе го намали ризикот од преполнување на болниците.

„Мерките предложени од Комисијата за заразни болести,  кои ќе стапат на сила по законските измени предвидуваат да се носи маска, марама или шал и на отворено, да нема групирање на повеќе од 4 лица на отворено после 22 часот и во домовите да биде дозволено присуство од најмногу четворица гости, покрај членовите на семејството“, истакнуваат од СДСМ.