Македонија 20. ноември 2018. / 10:55

СДСМ: Во 2019 започнува целосна реформа на системот за социјална заштита

СДСМ: Во 2019 започнува целосна реформа на системот за социјална заштита

Мерките во предлог Буџетот за 2019 обезбедуваат социјална праведност, повеќе пари кај граѓаните, зголемена социјална помош до 300 отсто, над 60.000 деца добиваат детски и образовен додаток.

Реформите во социјалната сфера, вклучени преку мерки во предлог Буџетот за 2019 година, обезбедува и унапредување на системот за социјална заштита, поголема социјална праведност, повеќе пари и кај најранливите граѓани.

Во 2019 започнува целосна реформа на системот за социјална заштита, создаваме фер систем кој извлекува од сиромаштија и нуди повеќе услуги за граѓаните, за што во Буџетот ќе се обезбедат дополнителни 2.2 милијарди денари.

Преку воведување на гарантиран минимален приход и „семеен пакет на права” се обезбедува значително поголема парична поддршка на социјално загорзените семејства.

Примателите на социјална помош, добиваат и до 300 отсто зголемена помош. Истовремено, се олеснува пристапот до надоместокот на 24 000 домаќинства кои во моментот добиваат социјална помош, а се отвора можност да бидат опфатени и дополнителни 11.000 домаќинства.

Повеќе од 60.000 деца добиваат детски и образовен додаток коишто ќе имаат за цел да извлекуваат од детска сиромаштија.

Истовремено, ќе се спроведат интензивни мерки за подготовка и активација на граѓаните од социјално ранливите категории на пазарот на трудот.

СДСМ останува посветена на заложбите за градење на фер и праведно општество, преку спроведувањето на зацртаните мерки што се во интерес на граѓаните. /МИА