Денеска, од владејачката партија ги искоментираа изјавите на д-р Вело Марковски и Христијан Мицкоски. Од СДСМ велат дека ваквите изјави создаваат заблуда кај граѓаните во врска со опасноста од коронавирусот и истовремено ги поткопуваат сите напори за справување со кризата.
Во нивното соопштение се наведува дека според Марковски коронавирусот можеби и не постои, но посакува што повеќе граѓани да се разболат и смета дека нема потреба да се носи заштитна маска.
– Маркоски застанува директно против препораката на СЗО за носење маска на отворено, која се применува во огромен број земји во светот и најави дека на Уставен суд ќе ја оспори мерката, бидејќи, според него, тоа било опасно за здравјето, стои во соопштението од СДСМ.
Ова не е првпат владејачакта партија да се пожали од одност на Мицкоски и Марковски кон Ковид-19.
Од почеток на ковид кризата во земјата, од ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски граѓаните не видоа ништо друго освен неконструктивно делување, опструкции и критики кон сите кои даваат максимални напори во справување со вирусот во земјата, се наведува на крајот на соопштението на СДСМ за јавноста.