Македонија 19. ноември 2020. / 18:12

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ е против напредокот на сопствената земја

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ е против напредокот на сопствената земја

„Антиевропското ДПМНЕ ништо не направи за евро-атланскиот пат на земјава. Нула.“ Ова се дел од зборовите кои стојат во соопштението на СДСМ.

Според нив, СДСМ работи во интерес на граѓаните чиј приоритет им евро-атланскатата интеграција. Тие остро го критикуваат Николоски и ВМРО-ДПМНЕ.

– Ако сака да прави ретроспективи, Александар Николоски нека се наврати на 11 годишното криминално владеење на ВМРО-ДПМНЕ кога државата беше заглавена во изолација. Или на последните три години кога антиевропското ДПМНЕ прави се за да ги закочи реформите, за да го спречи напредокот, за да ја блокира интеграцијата во НАТО и ЕУ, стои во нивното соопштение.

Според владејачката партија, опозициската ВМРО-ДПМНЕ, се против сопствената татковина.

– Денеска, само антиевропското ДПМНЕ се радува на постапката на Бугарија. Ете толку се против напредокот на сопствената држава, на сопствената татковина. Нема да успеат да внесат раздор кај македонскиот народ и поделби меѓу граѓаните, велат од СДСМ.