Шпекулациите околу средбата на четирите најголеми парламентарни партии што ги пласира ВМРО-ДПМНЕ во одредени медиуми, не помагаат на започнатиот процес на изнаоѓање консензус, се вели во соопштението на СДСМ.
Уште еднаш ја повикуваме ВМРО-ДПМНЕ да покаже одговорност, да ги надмине поразените политики и рамо до рамо со останатите политички партии да ја поддржи македонската иднина во ЕУ и НАТО.
Во интерес на граѓаните и државата, ВМРО-ДПМНЕ треба да се заложи за иднината на Македонија, а не за амнестија на криминалите напревени од врвот на нивната партија.
МИА