Македонија 19. ноември 2018. / 12:05

СДСМ: Владата системски го решава проблемот со загадувањето кој претходниците само го влошуваа

СДСМ: Владата системски го решава проблемот со загадувањето кој претходниците само го влошуваа

Криминалците од ВМРО-ДПМНЕ расипнички трошеа на мерцедеси, сега се купуваат амбулантни возила, се опремуваат училишта и сите институции се борат со загадувањето на воздухот, се вели во реакцијата на СДСМ на соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

„Лидерите во лажење, криминалците од раководството на ВМРО-ДПМНЕ расипнички ги трошеа парите на граѓаните за да купуваат мерцедеси од близу 600.000 евра за да ги задоволат желбите на криминалецот Никола Груевски. Трошеа и стотици милиони евра на барок, луксуз, споменици и криминални тендери, додека градеа неплански и системски го уништуваа зеленилото.

Во 2019 година ќе се набават нови возила за брза помош, возила за инспекциските служби, ќе се опремуваат училиштата, студентските домови, факултетите, полициските станици, граничните премини, прифатните центри.

Борбата со аерозагадувањето стана стратешки приоритет на Владата предводена од СДСМ, за разлика од онаа на ВМРО-ДПМНЕ кога уништувањето на се што е здраво и зелено беше приоритет.

Со усвоениот План за чист воздух, 10.000 домаќинства ќе бидат приклучени на парно греење, 20.000 домаќинства ќе ги променат старите нееколошки печки на дрва, 15.000 семејства имаат шанса да ја подобрат енергетската ефикасност на домовите, 3.000 семејства ќе добијат приклучок за гас. Истовремено, ќе се засили и инспекцискиот надзор и контрола, а ќе се субвенционира набавката на еколошки автомобили.

Чистиот воздух и здравата животна средина остануваат врвен приоритет за СДСМ“.