Македонија 06. август 2020. / 22:14

СДСМ веројатно ќе ја предложи Шеќеринска за прва жена претседател на Собранието!

СДСМ веројатно ќе ја предложи Шеќеринска за прва жена претседател на Собранието!

Заменик претседателот на СДСМ, Радмила Шекеринска ќе биде следниот претседател на парламентот.

Порталот „ABCmk“ пишува дека СДСМ е решена Шекеринска да го предводи законодавниот дом, со што таа ќе стане првата жена претседател на Собранието во историјата на Македонија.

Официјализацијата на нејзиното име се очекува да се случи откако Зоран Заев го обезбеди мнозинството пратеници потребни за формирање на Владата.