Македонија 22. јануари 2021. / 09:29

СДСМ: Успешните економски политики даваат позитивни резултaти и во време на пандемија

СДСМ: Успешните економски политики даваат позитивни резултaти и во време на пандемија

Успешните економски политики што ги креира и реализира СДСМ даваат позитивни резултати и во време на најтешката глобална здравствена и економска криза, предизвикана од пандемијата со коронавирусот, стои во соопштението на владеачката партија.

Просечната плата во државата на годишно ниво бележи раст од седум отсто, односно 1.800 денари, покажаа официјалните податоци на државниот завод за статистика. Според истиот извор, просечната плата во ноември во 2019 година изнесувала 25.787 денари, а во истиот месец 2020 година е зголемена на 27.588 денари, истакнуваат од СДСМ.