Македонија 23. април 2018. / 11:15

СДСМ со решенија за намалување на патните трошоци

СДСМ со решенија за намалување на патните трошоци

Една година по формирањето на новото парламентарно мнозинство – донесени редица закони, но на ред никако да стигне кратењето на патните трошоци за пратениците.

Сега од СДСМ најавуваат дека енормните суми кои се исплаќаат за патни трошоци на пратениците – ќе бидат намалени.

Се нудат три опции – едната е и натаму да добиваат пари по изминат километар доколку користат сопствен автомобил, но се намалува сумата за исплата. Другата е да добијат станови и третата е да им се дадат службени автомобили. Секоја опција – зависи од тоа на која оддалеченост од главниот град живеат пратениците. Во централниот дневник разговор со пратеникот и генерален секретар на СДСМ, Александар Кирацовски.