Како што се очекуваше, Мицкоски денеска го официјализираше својот кандидат кој застана рамо до рамо со него, тргна против напредокот, проитв НАТО и ЕУ, по стапките на Иванов и Никола Груевски, велат од СДСМ како реакција на изборот на Гордана Силјановска за претседателски кандидат на опозициската партија.
Според нив, Силјановска денеска имала шанса да покаже дека се разликува и дека е против, како што велат, антизападните политики на Мицкоски, но не го направила тоа.
– Силјановска не се огради ниту од криминалните политики на Никола Груевски, ниту од деструктивните активности на Христијан Мицкоски против напредокот на нашата земја, против Договорот од Преспа, против НАТО и ЕУ. Таа не го осуди ниту говорот на омраза и поделбите на граѓаните кои што доаѓаа од нејзини колешки, колеги, блиски до ВМРО-ДПМНЕ. – посочуваат од владејачката партија од каде додаваат оти Силјановска покажува дека не е ништо друго освен уште еден изрвшител на Мицкоски.
Од СДСМ посочуваат дека граѓаните не сакаат нов полтрон на претседателската позиција и дека нема да дозволат да се повтори Ѓорѓе Иванов во друга форма.