Со разрешувањето на Мизрахи заштитени се интересите на граѓаните, сите членови на Владата мора да го почитуваат Уставот и законите, соопштија денеска од СДСМ.
Со разрешувањето на сега веќе поранешната министерка Рашела Мизрахи Собранието го заштити Уставот, правната држава, интересите на граѓаните, на стечајците, ја заштити интеграцијата во НАТО и европската перспектива на земјата, додаваат од партијата.
– Никој не смее да го крши Уставот и да се обидува да ја врати земјата назад во изолација, да ја оддалечи од НАТО и ЕУ заради туѓи или партиски интереси, се вели во соопштението.
Владеењето на правото и правната држава подразбира одговорност и одговорност мора да има, порачуваат од СДСМ и додаваат дека нема враќање назад кон изолација и неизвесност.