На самиот крај на мандатот од функцијата што недостојно ја извршува, Иванов според одредени процени, ќе потроши најмалку 20.000 евра, пари на граѓаните за сопствена промоција, сметаат од СДСМ.
Пенкала, чадори, бисерни обетки, вински сетови, филигрански накит, марами и вратоврски се само дел од предметите што Иванов ги нарачал.
Од СДСМ тврдат дека ваквото однесување на Иванов не е одговорно.
– Ваквото трошење народни пари за сопствен маркетинг не е однесување на одговорен претседетал на држава кој ги застапува интересите на сите граѓани. Ваквото неодговорно и расипничко однесување на Иванов повеќе наликува на однесувањето на водачи на авторитарни режими. Дали можеби и биста планира да си нарача Иванов пред да му истече мандатот? – се вели во партиското соопштение.
Според СДСМ граѓаните ќе одберат вистински претседател, претседател кој заедно со демократските и прогресивни сили ќе ја поведе државата кон полноправно членство во НАТО и интеграција во ЕУ.