Македонија 02. јули 2020. / 11:48

СДСМ шири лажни вести: Европската комисија не признава јазици, едноставно Македонија треба да си го преведе заедничкото европско право

СДСМ шири лажни вести: Европската комисија не признава јазици, едноставно Македонија треба да си го преведе заедничкото европско право

Раководството на СДСМ прави политички спинови и шири лажни вести дека Европската комисија сега го празнала македонскиот јазик.

Се што ЕУ направи е што соопшти дека Македонија ќе треба да го преведе заедничкото европско право на македонски јазик, што е сосема нормално и досега воспоставена практика.

Затоа не се работи за никакво признавање на македонскиот јазик од страна на ЕУ, туку за обична предлог-рамка која треба да биде одобрена од страна на Советот.

За рамката да биде усвоена потребна е согласност од сите земји-членки меѓу кои и Бугарија. Но, и за тоа нема рок кога би се случило.

Индикативно е молчењето на источниот сосед, особено сега пред избори. Бугарските власти веќе се изјаснија дека за нив е прифатливо Зоран Заев да биде на власт бидејќи тој има најголемо разбирање за нивните барања од Договорот за Добрососедство.