Мнозинството пратеници во Собранието синоќа гласаше за составот и програмата на новата Влада предводена од СДСМ, велат од СДСМ преку соопштение.
Република С. Македонија доби мала, ефикасна Влада подготвена да сработи посветено во интерес на граѓаните.
Владата предводена од СДСМ ќе сработи и испорача ефикасен правен систем во кој грѓаните ќе веруваат, кој ќе дели правда еднаква, се вели во партиското соопштение.
Оттаму додаваат дека ќе се инвестира во уште поквалитетно здравство кое ќе продолжи да води целосна грижа за здравјето на сите граѓани и уште поефикасно ќе се бори против коронавирусот.
Следува бескомпромисна борба сивата економија во државата, неплаќањето даноци, шверцот и корупцијата.
Следува брза и навремена поддршка на најсиромашните, за да продолжи градење на праведно и правично општество.Претстои стабилен политички период, Република С. Македонија е членка на НАТО, има одлука за почеток на преговори со Европската унија, сега, пред нас е период на трансформација и европеизација на државата, велат од СДСМ.
Продолжуваме уште повеќе и уште подобро, велат и додаваат оти заедно со граѓаните испишуваат светли страници на нашата историја.