Македонија 13. август 2018. / 18:59

СДСМ: Не е точно дека ќе се оданочува помошта од дијаспората

СДСМ: Не е точно дека ќе се оданочува помошта од дијаспората

Партијата што цели 10 години прислушуваше десетици илјади граѓани, ја загрози нивната приватност и го злоупотреби системот и институциите денеска најде да зборува за приватност?Лицемерие до крајни граници и лаги на ВМРО-ДПМНЕ, која воопшто не се грижи за граѓаните, се вели во соопштението на СДСМ.

Според партијата, злоупотребите и упадот во приватноста на граѓаните заврши со заминување на ВМРО-ДПМНЕ во опозицијата. Владата на СДСМ и институциите на системот ја гарантираат приватноста, сигурноста и безбедноста на податоците на граѓаните.

,,Воопшто не се отчни тврдењата на ВМРО-ДПМНЕ дека приватноста на граѓаните е загрозена. Граѓаните да бидат спокојни, личните податоци на граѓаните се сигурни, загарантирани и заштитени. Не е точно дека ќе се оданочува помошта од дијаспората.

Користењето податоци добиени од банките во Управата за јавни приходи и до сега постоеше и се користат редовно во даночната постапка. Станува збор за законска размена на податоци која се автоматизира, наместо податоците да се доставуваат во хартиена форма, што е долга, бавна постапка за сите страни. Автоматизираната електронска размена на податоци со банките е европски тренд и ќе овозможи подобрување на ефикасноста на УЈП, но и подобри услуги за граѓаните. Побрзо ќе се издаваат уверенија, решенија и други документи во надлежност на УЈП.Користењето на податоците низ една ваква законска и сигурна процедура е за да може Управата за јавни приходи да издава однапред пополнети годишни даночни пријави кои граѓаните само ќе ги потврдуваат”, се вели во соопштението.