Македонија 01. мај 2019. / 20:22

СДСМ: На ВМРО-ДПМНЕ им претстои уште поубедлив пораз во вториот круг

СДСМ: На ВМРО-ДПМНЕ им претстои уште поубедлив пораз во вториот круг

Владејачката СДСМ реагира дека професорката Гордана Сиљановкса Давкова и Христијан Мицковски се наследници на црнилата на Никола Груевски.

Тие сметаат дека и двајцата не се ниту нови, ниту свежи во политиката.

– Транзициската министерка и профитерка Гордана Сиљановска и генералниот секретар на Груевски, Мицковски не се ниту нови, ниту свежи во политиката.

Мицкоски и Сиљановска се продолжена рака на Никола Груевски и затоа директно ги асоцираат граѓаните на 11 годишниот режим кој од нашата земја направи заробена држава. – стои во соопштението на СДСМ.

Од таму потенцираат дека ВМРО-ДПМНЕ изгуби во првиот изборен круг, па се надеваат на победа во вториот.

– Сиљановска и Мицкоски изгубија во првиот круг претседателски избори на кристално чисти и фер избори во европски амбиент, а сега им претстои уште поубедлив пораз во вториот круг. – велат од СДСМ.