СДСМ реагираше на прес-конференцијата на портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски на која тој обвини дека братот на Николовски врши криминал и нелегално зема готовина.
Оттаму посочуваат дека на ВМРО-ДПМНЕ им пречи што Љупчо Николовски е сериозно посветен на борба против корупција на сите нивоа и затоа им е цел на лажни вести и неосновани напади.
– Ниту Николовски, ниту неговиот брат, ниту кој било член на неговото семејство нема ниту добиено, а најмалку злоупотребено ниту еден денар од државата, како што лаже опозициската ВМРО-ДПМНЕ, велат преку соопштение од СДСМ.
Додаваат дека додека Николовски, Владата, СДСМ остануваат посветени на ред, правда и дисциплина, ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски се посветени на одбрана на криминал и корупција во своите редови.