Македонија 02. ноември 2018. / 10:29

СДСМ: Мицкоски се обидува да го одбрани криминалот на Груевски

СДСМ: Мицкоски се обидува да го одбрани криминалот на Груевски

Единствената политичка агенда на Христијан Мицкоски е амнестија на неговиот ментор и носител на криминалот и режимот, Никола Груевски, соопшти СДСМ кои сметаат дека тоа вчеравечер го потврди и самиот Мицкоски кога се обидуваше со истите тези на Груевски да го одбрани криминалот на неговиот ментор.

Мицкоски признал за средбите со својот ментор Груевски и разговорите на заедничка тема – иднината на Никола Груевски.

Со тоа, Мицкоски уште еднаш покажал дека за него и за раководството на ВМРО-ДПМНЕ иднината на Груевски е побитна отколку иднината на Македонија и нејзините граѓани.

Таквите признанијана на Мицкоски се дополнителна причина за преостанатите пратеници на ВМРО-ДПМНЕ да ја напуштат поразената матрица на Груевски и да ги поддржат процесите во Собранието што водат кон ЕУ и НАТО.

На раководството на ВМРО-ДПМНЕ и на пионот Мицкоски од СДСМ им порачуваат дека не можат да ги одбранат криминалите на Груевски.