Македонија 10. мај 2019. / 15:32

СДСМ: Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ да се помират со поразот на изборите

СДСМ: Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ да се помират со  поразот на изборите

Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ да се помират со фактот дека загубија и на претседателските и на предвремените локални избори, реагираат од СДСМ.

На кристално чисти, фер и демократски избори, граѓаните кажаа НЕ на концептот на Мицкоски кој води назад кон изолација и темното минато на криминал и неизвесност.

Сите релевантни домашни и меѓународни набљудувачи позитивно го оценија изборниот процес и го пофалија професионалното и одговорно однесување на институциите.

Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ нека ги остават надлежните институции да ја вршат својата работа. Времето кога им наредуваа на судовите и обвинителствата како да постапуваат заврши со нивното заминување од власт.

Наместо да бара алиби, одговорноста за поразот Мицкоски да ја бара кај себе и кај неговите деструктивни политики кои имаат единствена цел да го штитат криминалот на Груевски.

Државата тргна напред по вистински пат и враќање назад нема да има, стои во соопштението на СДСМ.