СДСМ денеска во соопштени тврдат дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски бега од лидерска средба и бега од реформи.
Според нив, Мицкоски треба да излезе и да и одговори на јавноста дали со еден од осомничените имал средби во позната дискотека.
– Наместо да бега, Мицкоски да излезе и да и одговори на јавноста, на граѓаните: Дали со еден од осомничените на кои им е одредена мерка притвор имал неколку средби во една позната дискотека, а потоа и во белиот дворец?
Дали посегнал по парите на еден од осумничените? – прашуваат СДСМ.
Велат Мицкоски е против правдата затоа што единствена негова мисија и цел е одбрана на криминалот на вистинскиот претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.
– Мицкоски и штети на државата и работи против датум за преговори. – додаваат од СДСМ.