Од СДСМ соопштуваат дека Македонија е правна држава, законите важат за сите подеднакво и никој не е над законот ниту над правдата.
Според нив судовите се независни институции кои работат согласно своите законски надлежности и нивните одлуки мора да се почитуваат од страна на сите граѓани.
– Правда мора да има. За секој оној за кој во законска и транспарентна судска постапка, се докажало дека ги прекршил законите врз основа на што има правосилна судска пресуда мора да понесе одговорност. Обезбедувањето на правдата и еднакво важење на законите за сите, без разлика на политичка, верска или етничка припадност е клучно за секое демократско општество. – стои во партиското соопштение.