Во текот на утрешниот ден (01.04.2019, понедленик), кандидатот за претседател Стево Пендаровски ќе биде помеѓу граѓаните на општина Пласница (13:00), Македонски Брод (14:00), Долнени (15:10), Кривогаштани (16:30) Крушево (19.00) и Прилеп (20:30 часот), се вели во соопштението од СДСМ.
По средбите со граѓаните на Пласница, Македонски Брод, Долнени и Кривогаштани, Стево Пендаровски ќе учествува на отворена трибина со граѓаните на Крушево.На оваа трибина ќе се приклучи и претседателот на СДСМ, Зоран Заев.