Наместо да работи на почитување на мерките од страна на граѓаните и санкционирање на прекршувањата Наќе Чулев, во време на епидемија со коронавирусот, се однесува неодговорно и несериозно, а приоритет му е одбрана на неговиот шеф Мицкоски за случајот со теретаната, а не заштита на јавното дравје
Изјавата на Чулев дека граѓаните не треба да бидат казнувани заради непочитување на мерките и задолженијата придонесе за масовно непочитување на мерките од страна на граѓаните. Полицијата предводена од Чулев не презеде ништо ни кога се прекршуваа забраните за собири, кога масовно се прекршуваа забраните за движење, а и самиот Чулев организираше јавни собири без почитување на мерките, велат од СДСМ.
СДСМ: Изборите се решeние за незрелото однесување на Мицкоски и неговите кадри
