Македонија 18. декември 2020. / 15:09

СДСМ: Интерпелацијата за Димитров ќе биде нов пораз за опозицијата

СДСМ: Интерпелацијата за Димитров ќе биде нов пораз за опозицијата

Интерпелацијата за вицепремиерот Никола Димитров, која предмалку ја покрена Опозицијата, беше проследена со реакција од СДСМ, кои ја сметаат за уште еден деструктивен пораз на ВМРО-ДПМНЕ.

-Секојдневно се докажува дека ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски, се целосно загубени во времето и просторот, без став, без идеи, без програма, фокусирани само на блокади, на кочења и деструкции на штета на државата и граѓаните. Затоа доживуваат порази од граѓаните, одново и одново. Никако да ги научат лекциите, се наведува во соопштението.

Тие сметаат дека Димитров ужива целосна доверба од пратениците на мнозинството, затоа што се бори за државните интереси.

-За потсетување, интерпелација за Димитров имаше и минатата година. Тогаш, одвај 20 пратеници на ВМРО-ДПМНЕ гласаа за неа. Исто ќе биде и оваа година. Оваа интерпелација ќе биде уште еден пораз за ВМРО ДПМНЕ, Димитров ужива целосна доверба од пратениците на мнозинството, затоа што се бори за државните интереси. Се додека ВМРО-ДПМНЕ се однесуваат вака неодговорно кон институциите, кон граѓаните и државата, ќе останат таму каде што се, во опозиција, велат од партијата.