Македонија 06. мај 2020. / 09:53

СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ со различни проценки за терминот за избори

СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ со различни проценки за терминот за избори

Двете најголеми партии во Македонија излегоа со првични проценки за терминот за избори. За СДСМ, најоптимално би било изборите да се одржат кон средината на јуни, а според ВМРО-ДПМНЕ најбрзо што може да се создадат услови за избори е средината на јули.

Двајцата лидери на партиите на гостување на „Телевизија 24“ останаа на своите ставови околу одржувањето на изборите.

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, смета дека доколку ситуацијата со корона вирусот дозволи одржување на избори, тогаш има доволно веме до средината на јуни да се завршат сите активности.

Мора да бидеме одговорни кон државата, да го прифатиме првиот момент за избори. Најоптимално, тоа би било во средината на јуни – смета Заев.

 

Според Заев, дополнителни причини за одржување на изборите во најкраток рок се и можниот втор пик на вирусот, немањето Парламент и постоењето на техничка, а не политичка влада.

Неговиот опомент Христијан Мицковски останува на ставот дека сега не е време за избори, туку за справување на последиците со пандемијата од корона вирусот и во здравствена и во економска смисла. , Според Мицковски, најбрзо што може да се создадат услови за избори е средината на јули со оглед на тоа што и ако теоретски не се продолжи вонредната состојба, која истекува во средината на мај, на ДИК и се потребни најмалку 50 до 60 денови за подготовка.

 

Не треба да има сега избори бидејќи сега сме во епидемија односно пандемија, во која на дневна основа се бројат луѓе кои се заразени и луѓе кои го губат животот. Не е во ред да тераме кампања, во моменти кога се бројат новозаразени и евентуално починати лица – смета лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, .