Македонија 02. јануари 2020. / 17:35

СДСМ го прифаќа предлогот на ВМРО-ДПМНЕ, Наќе Чулев да биде технички министер за внатрешни работи

СДСМ го прифаќа предлогот на ВМРО-ДПМНЕ, Наќе Чулев да биде технички министер за внатрешни работи

СДСМ го прифаќа новиот предлог на ВМРО-ДПМНЕ, Наќе Чулев да биде технички министер за внатрешни работи, потврдија од партијата за “360 степени“.

Со овој предлог на ВМРО-ДПМНЕ не се крши Уставот, не станува збор за воено или униформирано лице, и не е под обвинение. Со тоа се исполнети се условите предлогот да оди на гласање во Собранието заедно со целата преодна влада која треба да ги спроведе изборите на 12 април, велат од СДСМ.

Пред Чулев, опозицијата за прв човек во МВР го предложи армискиот полковник Драган Ковачки, но ваквиот предлог наиде на неодобрување и од СДСМ и од поголемиот дел од стручната јавност поради членот 97 од Уставот кој вели дека „со органите на државната управа во областа на одбраната и полицијата раководат цивилни лица кои непосредно пред изборот на тие функции биле цивили најмалку три години“.

Кои се останатите кадри кои ќе влезат во техничката влада можете да прочитате ТУКА. Таа треба да биде изгласана во Собранието утре.