Македонија 15. јуни 2020. / 13:52

СДСМ денеска ќе одлучува дали изборите да бидат во средината на јули

СДСМ денеска ќе одлучува дали изборите да бидат во средината на јули

СДСМ денеска ќе излезе со став за предлогот на ВМРО-ДПМНЕ предвремените парламентрани избори да се одржат во средината на јули.

Техничкиот премиерот Оливер Спасовски во гостување во „Утрински брифинг“ на Слободна ТВ, изјави дека раководството на СДСМ вчера имало состанок, кој ќе продолжи и денеска, и оти во текот на денот треба да излезе со став за изборниот процес откако вчера лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски кажа дека за нив прв прифатлив термин е средината на јули.

Добро е да имаме консензус за учество во политичкиот процес. Разговаравме во партијата, за сите нас е важно да се оди на избори со сите политички структури и на тој начин да се добие легитимитет. СДСМ како одговорна политичка партија досега покажа дека има јасни политички ставови, дека не отстапува, туку реализира… Не го разбирам Мицкоски и ВМРО ДПМНЕ кога би сакал да има избори?! Се навикнавме дека опозицијата нема став за ниту едно клучно прашање. Но, мораме да имаме висока свест во рамките на оваа здравствена и економска криза, се со цел да ги комплетираме институциите и да продолжи справувањето со Ковид 19, економската криза, евроинтегративниот пат и сл – изјави Спасовски.