Македонија 26. јуни 2018. / 10:19

СДСМ: Дали ВМРО-ДПМНЕ и Претседателот Иванов сакаат Македонија да остане изолирана, надвор од ЕУ и НАТО?

СДСМ: Дали ВМРО-ДПМНЕ и Претседателот Иванов сакаат Македонија да остане изолирана, надвор од ЕУ и НАТО?

ВМРО-ДПМНЕ со денови наназад се служи со измислици, невистини и лажни вести за постигнатиот историски Договор со кој се решава 25 годишниот спор, што со децении земјава ја влечеше надолу.

ЦЕНТАРОТ ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА НА СДСМ понатаму додава:

По таквото антидржавничко однесување, логично се поставува прашањето дали во ВМРО-ДПМНЕ постои елементарно непознавање или се работи за намерна деструкција со цел Македонија да остане изолирана држава, надвор од интегративните порцеси?

Постигнатиот Договор меѓу Македонија и Грција решава еден од основните предуслови за интеграција на Македонија во ЕУ, а тоа се добрососедските односи. Тоа влијае на стабилност на целиот регион.

Наспроти лажните наводи на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, конечниот Договор го гарантира македонскиот идентитет, македонскиот јазик и македонската посебност. Истовремено со него ширум се отвораат европските перспективи, Македонија е пред историска шанса од добивање датум за преговри со ЕУ и покана за полноправно членство во НАТО.

Доколку ВМРО-ДПМНЕ има намера и суштински, а не само декларативно да работи за интересите на граѓаните и државата, тогаш ќе го поддржи овој историски договор и ќе каже ДА за македонската иднина. Во спротивно, опозициската партија покажува дека нема капацитет да ги надмине погубните политики на поделби, конфликт и изолации, политики што беа силно поразени од граѓаните.