Македонија 12. ноември 2018. / 12:08

СДСМ: Црното време на Македонија заврши со заминувањето од власт на Груевски

СДСМ: Црното време на Македонија заврши со заминувањето од власт на Груевски

СДСМ веднаш врати на соопштението на ВМРО-ДПМНЕ. Власта истакна дека најтешкото за Македонија заврши со заминувањето на Никола Груевски, а неговиот наследник Христијан Мицкоски е единствениот остаток од црното време на режимот.

„Црното време за Македонија заврши со заминувањето од власт на носителот на криминалот и режимот, Никола Груевски и неговите соработници кои ја уништија економијата, ја изолираа државата и ги осиромашија граѓаните.

Сега Македонија оди напред, економијата расте, платите се зголемуваат, се создава фер општество за сите кое граби кон светла иднина и полноправно членство во НАТО и ЕУ.

 

Единствен остаток од црното време на режимот се пионот Христијан Мицкоски и антизападното раководство на ВМРО ДПМНЕ.

Мицкоски е ист како неговиот ментор Груевски, работи спротивно на државните интереси и се става во одбрана на криминалот. Дури користи и ист боксерски речник. Нека се потсети Мицкоски, оние што посакуваат нокаутирани граѓани доживуваат пораз токму од граѓаните.

Колку и да не му се допаѓа тоа на пионот Мицкоски, во Македонија функционира правото и правната држава, судството е ослободено од политички притисоци и законите важат за сите подеднакво.

Правда мора да има. Секој за кој низ судска постапка се докажало дека го прекршил законот и за тоа постои и правосилна пресуда, мора да понесе одговорност“, пишува во соопштението на СДСМ.