Македонија 25. ноември 2020. / 17:45

СДСМ: Цела деценија ВМРО-ДПМНЕ плански го уништуваа образованието

СДСМ: Цела деценија ВМРО-ДПМНЕ плански го уништуваа образованието

Од СДСМ испратија соопштение за јавноста, каде даваат реакција на соопштението на опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Според СДСМ, најголемата опозициска партија нема право да зборува за образование бидејќи покажувале негрижа спрема младите.

– ВМРО-ДПМНЕ покажува негрижа за образованието и младите – еднаква како во нивните 11 години режимско владеење. Нивната политика е деструктивна и директно говори за незаинтересираноста и обидот да ги срушат позитивните промени кои се долгоочекувани во образованието, се вели во соопштението од СДСМ.

За првпат во буџетот на Министерството за образование се предвидени средства за ангажирање образовни асистенти за учениците. Со 54 милиони денари се обезбедуваат образовни асистенти, бидејќи, како што кажуваат, оваа власт создава образование достапно за секое дете.

– Владата предводена од СДСМ во овие вонредни услови за рекордни време обезбеди хибриден модел на настава со кој секое дете е вклучено во образовниот процес, соопштуваат тие.

Велат дека за само два месеци обезбедени се 32.000 електронски уреди со кои децата учествуваат на онлајн наставата, а дека прават и интензивни напори за набавка на дополнителна опрема.

– ВМРО-ДПМНЕ нема право да зборува за образование. Цела деценија плански го уништуваа образовниот систем и не покажаа трошка грижа за идните генерации. Време е да престанат да шират груби лаги и манипулации и да почнат да работат како одговорна и конструктивна опозиција, додаваат од СДСМ.