Македонија 17. април 2020. / 09:59

СДСМ: Бројот на одјавени работници не е драстично различна од просечниот број на одјави

СДСМ: Бројот на одјавени работници не е драстично различна од просечниот број на одјави

ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски продолжуваат со неодговорното, несериозно однесување во време на сериозна здравствена криза, велат од СДСМ преку соопштение.

„Додека во ова тешко време целата држава, сите граѓани се соочуваат со најголемата здравствена и економска криза во поновата историја, ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски бесрамно шират лажни вести и невистини во очајни обиди за дневнополитичко профитирање.
Со денови ВМРО-ДПМНЕ од белиот дворец лаже дека заради кризата поради коронвирусот дури 140.000  луѓе останале без работа.“, се наведува во соопштението на партијата.

Оттаму велат дека вистината е многу поинаква, бројот на одјавени работници во Агенцијата за вработување не е драстично различна од просечниот број на одјави во претходните месеци.

Во време кога сиот здравствен капацитет на државата е ангажиран во борбата против коронвирусот, како што велат, Мицкоски се дрзна јавно да излаже дека во здравствените установи имало само 100 теста за коронавирусот и дека многу граѓани биле нетестирани.

„Вистината е дека откако Мицкоски излажа дека има само 100 теста, направени се повеќе од 4.000 тестирања на присуство на коронавирусот.

Дури и оваа сериозна закана покажа дека ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски освен за лаги и деструкција за ништо друго и не знаат“, објаснуваат од партијата.