Македонија 08. мај 2020. / 12:22

СДСМ бара оставка од Чулев поради литијата во Струга

СДСМ бара оставка од Чулев поради литијата во Струга

Наќе Чулев од ВМРО-ДПМНЕ  е одговорен за загрозување на здравјето и безбедноста на граѓаните, за непостапување при настанот во Струга, за нападот врз новинар и чадната бомба во Скопје и токму затоа мора да поднесе оставка, велат во утринското соопштение од СДСМ.

Од партијата обвинуваат дека во Струга министерот Чулев дозволил масовен собир со што граѓаните биле изложени на ризик од корона вирус и се создалa паника кај сите граѓани во државата.

– Јавноста беше сведок на масовно прекршување на забраната за групни собири. Стотици граѓани без заштитна опрема, без соодветна дистанца масовно се движеа низ центарот на Струга, а полицијата беше пристутна на настанот и воопшто не реагираше, се вели во соопѓштението од СДСМ.

Со оваа неодговорност, велат од партијата, Чулев стана соучесник во загорзувањето на здравјето на граѓаните и затоа мора да си поднесе оставка.

Освен за ова, оставка од министерот бараат и поради тоа што „дипломатскиот кор доби и чадна бомба“ во непосредна близина, со што беше загрозена и нивната безбедност и нивното здравје.