Македонија 02. декември 2018. / 11:02

СДСМ бара одговори од ВМРО-ДПМНЕ за нелегалното прислушување во Јавното Обвинителство

СДСМ бара одговори од ВМРО-ДПМНЕ за нелегалното прислушување во Јавното Обвинителство

СДСМ преку соопштение бара одговори од ВМРО-ДПМНЕ за прислушкувањето во Јавното Обвинителство.

– Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ да одговорат за улогата во нелегалното прислушување, остатоците од Груевизмот ќе бидат остранети од сите пори на институциите.

Пионот на Никола Груевски, антизападниот Христијан Мицкоски и раководството на ВМРО-ДПМНЕ треба да одговорат за нивната улога и дејствијата во нелегалното прислушување, особено за информациите кога оваа опрема била инсталирана.

Мицкоски треба да одговори и за неговата улога во власта во 2016 година кога бил генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ но и претходно, кога му бил лева рака на Груевски како Советник во неговиот кабинет.

Скандалот со прислушување на Јавното обвинителство уште еднаш покажува на каков начин функционирал режимот на ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски.

Режимот на Груевски и ВМРО-ДПМНЕ со години нелегално прислушуваше десетици илјади граѓани, а во 2013 година опрема за прислушување била поставена и во просториите на Јавното Обвинителство.

Токму во тоа време, во време кога кулминира најголемиот скандал со нелегално прислушување во историјата на Европа, Христијан Мицкоски бил советник и десна рака на Никола Груевски, и оттаму, оправдани се прашањата на јавноста која била улогата на Мицкоски во скандалозното и незаконско прислушување.

Истрагата започната од надлежните институции ќе открие кој ја купил, поставил и користел опремата за прислушување, поставена уште во 2013 година.

Штетите направени од криминалното ВМРО-ДПМНЕ оставија тешки последици кои не можат да се отстранат преку ноќ, но инситуциите започнаа со остранување на остатоците од криминалниот режим на ВМРО-ДПМНЕ и Груевски.

Остатоците од режимот на Груевски ќе бидат отстранети од сите пори на институциите.

За овој случај одговороност ќе има, стои во соопштението од Центарот за комуникации на СДСМ. – стои во соопштението на СДСМ.