ВМРО-ДПМНЕ не може да замисли како е да се работи законски, евтини летови ќе има, бадијала шират лажни вести.
Криминалната ВМРО-ДПМНЕ не може да замисли што значи тоа да се работи законски, почитувајќи ги прописите и процедурите, обвинуваат од СДСМ и додаваат:„Бадијала ВМРО-ДПМНЕ шири лажни вести, евтини летови за граѓаните ќе има и понатаму.
Владата има обезбедено пари за субвенционирање нискобуџетски превозници и согласно владината програма таа мерка продолжува”, пишуваат од партијата. Министерството за транспорт и врски соопшти дека наскоро ќе биде распишан нов јавен повик, нов тендер откако претходниот беше поништен поради пропусти.
„Останува фактот дека подолг временски на секоја прес конференција на ВМРО-ДПМНЕ без целосна смисла или логика се шират само лажни вести и ништо повеќе. Сериозен недостаток на политичка понуда, став, визија или аргумент од ВМРО-ДПМНЕ, само чисти лаги”, се вели во соопштението на СДСМ.