Потребни се избори во привиот можен рок, заради заштита на здравјето на граѓаните и подготовки за новиот пик од корона вирусот наесен, се вели во утринското соопштение од СДСМ аргументирајќи дека брзите избори се за побрзо опоравување и трансформирање на македонската економија и повторно ставање во функција на институциите кои се клучни за нормално функционирање на системот.
-Не смееме да дозволиме да се нанесе штета на државата, штета на граѓаните и никако не смееме да дозволиме земјата да се воведе во уставна криза. СДСМ тоа нема да го дозволи, наведуваат од партијата.
Оттаму велат дека како одговорна партија сакале компромис и затоа учествувале на лидерските средби, но, додаваат, ако ВМРО-ДПМНЕ не сака договор, дека од партијата нема да дозволат штета на државата и граѓаните.
– Договор е можен се додека трае вонредната состојба. Ако нема договор по сила на закон датумот за избори води на 21 јуни.