Македонија 13. јануари 2019. / 19:20

Савески: И во Грција ќе купуваат пратеници за да го протуркаат Договорот од Преспа

Савески: И во Грција ќе купуваат пратеници за да го протуркаат Договорот од Преспа

Членот на Президиумот на Левица Здравко Савески смета дека во Грција ќе се обезбеди поддршка за Преспанскиот договор преку купување пратеници. Имено по оставката на Каменос и најавата дека ќе се стави на тест довербаата на Владата на Ципрас, неизвесна е ратификацијата на Договорот од Преспа во грчкиот парламент. Сепак Савески е убеден дека поддршката за Спогодбата ќе се обезбеди со “нечесни игри”.

И во Грција сега ќе купуваат пратеници заради протуркување на Преспанскиот договор. Преспанскиот договор – бланко чек за кршење на демократијата и во двете земји. ЕУ и на ова ќе аплаудира, толку многу им е важна демократијата, напиша Савески на Фејсбук.