Македонија 17. октомври 2019. / 19:38

Сасоли: Мислам дека на С. Македонија и Албанија треба да им кажеме „да“

Сасоли: Мислам дека на С. Македонија и Албанија треба да им кажеме „да“

Одлуката за отпочнување на преговорите со Северна Македонија и Албанија, климатските промени, реформи на ЕУ системот за миграции се темите за кои како итни за расправа посочи денес претседателот на Европскиот Парламент, Дејвид Сасоли.

Во мојот прв говор пред Европскиот совет како претседател на Европскиот парламент ја нагласив итноста од отворање на прашањата поврзани со климатските промени, реформи на ЕУ системот за миграции и отворање на преговори со Северна Македонија и Албанија – напиша Сасоли на Твитер.

Претседателот на Европскиот парламент денеска на прес-конференцијата по учеството во Европскиот совет изјави дека на дневен ред се постигнатиот договор за Брегзит, проблемите на сириската граница и турската офанзива како и прашањето за отпочнување на преговори на Северна Македонија и Албанија.

Тој потенцираше дека ставот на Европскиот Парламент е дека процесот на проширување треба да продолжи и дека преговорите со двете земји треба да почнат.

Ова се две земји од кои се бараше да ја сменат регулативата, да го сменат Уставот и јас мислам дека треба да им кажеме да – рече Сасоли