Поранешниот директор на Драмскиот театар, актерот Сашо Тасевски, на Фејсбук, распали по власта.
Според него на претседателските избори, владејачката партија СДСМ, многу тешко ќе победи.
– На претседателските избори постојат барем ОСУМ начини да победи кандидатот на власта.:
1. Да го воскреснат и номинираат Ганди или ТИТО за нивни кандидат. Може и Моника Белучи. Па и Хорхе.
2. Со хипноза да ги убедат опозиционерите гласачи и оние кои ги свртеа против себе да извршат колективно самоубиство.
3. Сите немажени и неженети непослушни гласачи да ги пратат во манастир.
4. Да ги покачат сите плати за 500 евра. Ако на некој сега му е 200 да му биде 700 евра.
5. Да го вратат Грујо и да го замолат заедно со Миле Ми Текна, да ги украдат изборите за нив.
6. На Бојко да му порачаат Македонија до Варна и Несебер, а на Грците да им скандираат: И зима и лето Атина е скопско гето.
7. Да го викнат Хари Потер да направи магија за победа.
8. Иван Исцелител да им бае против уроци.
Значи сепак не се без шанси. – напиша Тасевски.