Кривичниот суд ги изрече пресудите за предметот „Титаник 2“ на СЈО. Лидерот на ДПА Мендух Тачи е осуден на 3 години и 2 месеци затвор, поранешните членови на ДИК Бедредин Ибраими на 4 години и 6 месеци, Влатко Сајковски, Анета Стефановска и Сашо Срцев на по 3 години затвор. Поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков исто така е осуден на 3 години.
6-мината се прогласени за виновни по обвинението дека организирале поништување на изборни резултати на локалните избори 2013-та во Струмица.
Обвинителката во СЈО Фатиме Фетаи побара мерки на претпазливост за з-ца осудени во прв степен, додека за Бедредин Ибраими и Сашо Мијалков побара притвор.